Македонија ќе игра против Германија, Франција и Швајцарија на Европското првенство во 2024 година.
Селекторот Кире Лазаров ги сподели првите импресии по ждрепката во Диселдорф и вели дека мора да се дигне нашето ниво за достоинсвено да се бориме со велесилите во ракометот.
„Добивме екстремно тешка група. Ќе работиме напорно да го дигнеме нашето ниво во периодот да можеме достоинствено да се бориме со светските велесили во ракометот. Ќе звучи многу нескромно да сме оптимисти во ваква група, но надежта не треба никогаш да се губи. Треба многу жртва и посветеност да направивме компетитвна нова репрезентација со комплетната промена на генерации. Верувам во момците и во тоа што го работиме“, вели Лазаров.
Македонија првиот меч ќе го игра против Франција на 10 јануари, вториот е четири дена подоцна со Германија во Берлин, додека последната средба е против Швајцарија на 16 јануари.