Во пресрет на завршниот турнир во Келн екипите ги прават своите последни подотовки во борбата за што подобар настап и освојување на шампионскиот пехар. Годинава на Ф4 учествуваат Кил, Веспрем, Келце и Барселона.
На досега одиграните завршни турнири некои играчи оставија голема трага, таков е и Кире Лазаров, кој нема да настапи на овој турнир но и понатаму останува високо на сите статистички табели за погодоци или слични сегменти од играта.
Лазаров останува на врвот на листата на најдобри стрелци на завршните турнири заедно со Микел Хансен кои имаат одигрно и 14 натпревари и постигнато вкупно по 68 гола што е 4,86 во просек по натпревар.
Оваа сезона сигурно нема да биде надминат рекордот на Лазаров и Хансен, а данскиот репрезентативец од следната сезона со Алборг, ако стигне до Ф4 ќе има шанса да се одлепи на врвот.
Листа на стрелци на Ф4:
1.Кире Лазаров 68
Микел Хансен 68
3.Арон Палмарсон 59
4.Момир Илиќ 58
5.Филип Јиха 56
6.Ласло Наѓ 53
7.Иван Чупиќ 49
8.Сергеј Рутенка 47
Виктор Томас 47
10.Хуанин Гарсија 44