Лазаров: Нашата цел е да ги победиме Холандија и Аргентина

Селекторот Кирил Лазаров по денешниот убедлив пораз од Норвешка во првиот натпревар на 28.Светско првенство, истакна дека за Македонија дуелот со првиот фаворит во групата бил „невозможна мисија“.

Лазаров посочи дека македонската репрезентација треба да одигра подобро во наредните дуели со Холандија и со Аргентина и да се обиде да обезбеди пласман во главната фаза.

„Ова за нас беше невозможна мисија. Ја знаеме нашата цел на ова Светско првенство. Нема што да изгубиме, имаме еден ден да се одмориме и да се подготвиме подобро за наредните натпревари. Ќе се обидеме да победиме против Холандија и против Аргентина, тоа е нашата цел“ – изјави Лазаров на прес-конференцијата по натпреварот.

Во вториот натпревар од групата, Македонија на 15 јануари ќе игра против Холандија, а на 17 јануари против Аргентина. првите три селекции од групата обезбедуваат пласман во главната фаза на СП.

Македонија со пораз го отвори СП, Норвешка беше преголем залак! (ФОТО)