Тимот на Нант, каде што настапува македонскиот капитен Кире Лазаров, ја продолжи низата без пораз во францускиот шампионат.
Сен Рафаел го диктираше темпото во првото полувреме и водеше на полувреме со два гола разлика, 16-14.
Во вториот дел Нант набрзина направи пресврт, потоа зголеми и на плус четири, па немаше големи дилеми за победникот до крајот.
Лазаров беше трет стрелец во победничкиот состав и постигна четири голови од десет обиди.