Лазаров и Нант се намачија со Шарт

Во 14. коло од првенството на Франција екипата во која настапува Кирил Лазаров, Нант забележа тешка победа пред своите гледачи против составот на Шарт со 33:31.

Во првиот дел се играше речиси без одбрана, двете екипи беа ефикасни и најчесто беше изедначено со игра гол за гол. Нант во 20. минута имаше три предност но тоа траеше многу кратко па на полувреме Шарт замина со предност од 19:18.

Во продлжението Лазаров и соиграчите имаа подобро издание го преземаа водството, а во 41. минута стигнаа до највисоки пет предност. Шарт успеа да се врати во игра и да намали на минус еден во 55. минута, но немаше сили да направи изненадување и  да избегне пораз.

Лазаров имаше скромен учинок на натпреаварот и два пати успеа да се запише во листата на стрелците од три обиди. Најефикасен со дури 12 погодоци беше Емерик Мин.

На останатите натпревари Иври го изненади Монпелје и го одалечи од борбата за второто место и пласман во Лигата на шампионите. Победи остварија уште и Данкерк, Екс, Ним и Трембле.

Франција 14. коло, резултати:

Данкерк – Кретеј 26:25 (15:10)
Истр – Екс Ан Прованс 21:25 (12:14)
Иври – Монпелје 30:25 (13:11)
Нант – Шарт 33:31 (18:19)
Ним – Шамбери 38:31 (18:14)
Трембле – Сен Рафаел 34:31 (20:16)

ТАБЕЛА: 1.ПСЖ (-1 меч) 26 бода (455:358), 2.Нант 22 (425:376), 3. Ним 20 (424:382), 4. Монпелје 18 (401:378), 5. Тулуз (-1 меч) 18 (376:362)…