Екипата на Нант се враќа од гостувањето кај Екс ан Прованс со нерешени 27:27 откако беше одигран интересен и неизвесен натпревар.
Двете екипи имаа свои моменти и се бореа до последен момент за да дојдат до триумф, но на крајот мораа да се задоволат со по еден бод.
И двете екипи добија по едно полувреме со гол разлика. На крајот од првиот дел резултатот беше 12:11 во корист на домашните, додека Нант надомести во вториот дел при што постојано имаше резултатска тензија.
Кирил Лазаров на овој дуел погоди двапати, а најефикасен играч на Нант беше Тибо Брио со шест гола. Исто толку голови имаше и првиот стрелец во редовите на противникот, Матје Онг.