Кире Лазаров со Нант обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Франција откако во осминафиналето славеа победа портив Истр на гостински терен од 27:33.
Нант тешко го кршеше отпорот на Истр, екипите го менуваа водството без поголема предност од два гола на едната или другата страна. Се играше доста израмнето во првите 30 минути, а на полувреме Нант замина со предност од 16:18.
Натпреварот продолжи во ист стил во првите петнаесетина минути од продолжението, Истр успеа и да поведе во 43. минута. Сепак до крај Нант и Лазаров успеаја да го вратат водството и да стигнат до сигурна победа.
Кире Лазаров на овој натпревар немаше значителен учинок и дуелот го заврши со само еден погодок од единствениот удар кон противничкиот гол.