Нант носи замена за Лазаров од Монпелје

Според информации на порталот „Midi Libre“ 23-годишниот Жулиен Бос ја одбил понудата од Монпелје за продолжување на договорот. Договорот на Французинот со Монпелје истекува на лето 2023 година.

Најавите се дека Бос планира преселба во редовите на Нант. Во актуелната сезона Бос прикажува добри настапи и во групната фаза од Лигата на шампионите постигна 58 гола.

Бос во Нант би бил замена за Кирил Лазаров кој нема да настапува за Нант следната сезона, а на десната бековска позиција Нант ги има уште Милан Милиќ и Линус Персон.

Бос целата своја професионална кариера е дел од Монпелје каде што за првиот тим настапува од 2016 година.