После два дена на Европското првенство и некомплетното прво коло двајца репрезентативци на Македонија се наоѓаат во Топ 10 стрелци.
Кирил Лазаров е на делба на 4. место со осум постигнати голови, додека Дејан Манасков со шест е на 10. позиција каде има уште неколку ракометари.
Сепак, колото не е комплетно, а така ќе биде и во следните денови бидејќи дури на 15 јануари в среда завршуваат битките од првиот круг и тогаш ќе се комплетира првата фаза и ќе биде познато кој е најдобриот стрелц во првата фаза.
Засега после десет одиграни натпревари ситуацијата е интересна.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)
12- Никола Билик (Австрија)
12 – Сандер Сагосен (Норвешка)
9 – Арцем Каралек (Белорусија)
8 – Кирил Лазаров (Македонија)
8 – Аркадиуш Морито (Полска)
7 – Јанко Божовиќ (Австрија)
7 – Даинис Кристопанс (Летонија
7 – Никола Прце (БиХ)
7 – Кеј Смит (Холандија)
6 – Дејан Манасков (Македонија)