Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров има одличен старт на тренерската кариера во Германија.
Тимот што го предводи Лазаров, Интерактив, забележа 12 победи на досега одиграните 12 натпревари во регионалната лига.
На последниот натпревар Интерактив оствари победа на гостински терен кај составот на Рефрат со 38-33, а најдобри стрелци беа Нуиќ со 10, Грбавац со осум и Маркотиќ со седум гола.
Интерактив е на лидерското место на табелата со максимум број бодови, 24, додека второпласираниот Коршенброих со 16 бода.
До крајот на есенскиот дел од сезоната, Лазаров и неговиот клуб ќе одиграат уште натпревар на домашен терен против Ремшеид.