Селекторот со измешани чувства: Задоволен сум, но и малку разочаран

Репрезентацијата на Македонија загуби на отварањето на Европското првенство во Дебрецин од Словенија со 27:25, но прикажа добра игра во првиот натпревар на ЕП.

Селекторот на Македонија Кире Лазаров кој на ова првенство сепак отпадна заради повреда и нема да настапи може да биде задоволен од голем дел од прикажаното на своите избраници на првиот меч.

„Горд сум на мојот тим, на моите играчи, бидеј имавме тежок противник во Словенија која има играчи во најдобрите клубови во Европа. Тие играат подолго време заедно и  имаат тренер како Љубо со големо искуство. Играа полуфинале на последното првенство. Малку сум разочаран, можеби не заслуживме два бода но сигурно еден бод. Игравме многу добро против Словенија која е еден од кандидатите за медал. Ние сме во процес на смена на генерации и имавме проблеми со позитивни во последен момент. Ни недостасуваше Дејан Манасков и уште неколку играчи Задоволен сум но и малку разочаран. Се концентрираме на следниот натпревар со Црна Гора, ќе бидеме подобри и ќе одиме чекор почекор. Честитики на Словенија за победата и на моите играчи за борбата денеска“, рече Лазаров после натпреварот.

Следниот предизвик на Македонија ќе биде веќе во сабота кога шанса за првата победа репрезентативците ќе имаат на дуелот со Црна Гора. Овој дуел се игра со почеток во 18:00 часот.