Еден ден по високиот пораз од Норвешка 27-39, за македонскиот селектор Кирил Лазаров има нов предивзик, нова задача што ќе мора да се обиде да ја реши. Дуелот со Холандија можеби нема ништо да реши веднаш, но може да донесе многу ако репрезентацијата успее да освои барем бод. Победа е желбата, ама тоа ќе треба на терен да се постигне.
Македонија утре против Холандија ќе биде без Томислав Јагуриновски, а засилена со Давид Савревски. Ќе има измени во играта, тактиката, но целта пак ќе биде иста, бодови..
„ Холандија и вчера покажа дека е репрезентација со екстра квалитн. Играат брз и модерен ракомет. Ќе треба добро да се намачиме и испотиме ако сакаме да победиме, го почна Кирил Лазаров брифингот со новинарите пред тренингот на репрезентацијата. „Цел ден го искористивме за анализа иако и во подготвителниот период гледавме нивни мечеви, но чисто да споредиме дали се тоа истите работи. Мислам дека имаме шанси.
Но, ќе треба сепак нешто да се менува, поради промената во составот.
„Ме загрижува повредата на Томислав Јагуриновски, па дури и за вчера беше хендикеп. Ние бевме во егал во моментот кога е повреди, и ќе ни недостасува многу. Давид Савревски ни се приклучува и тој е дебитант. Бидејќи се работи за силен ритан во сите 60 мин. ќе се обидеме да ја покриеме тааа позиција и со други ракометари.
Мартин Серафимов ќе добие шанса, таа и ја заслужува, но ќе ни недостасува Јагуриновски, смета Лазаров.
Лазаров имаше пофални зборови за Холандија.
„Лук Сејнц е голем квалитет. Олсон како селектор е задоволен од неговата игра. Се уште играат на високо ниво, слично како во Унгарија. Во секој момент знаат што сакаат. Треба сериозно да го сфатиме мечот утре. Треба да бидеме 60 минути со екстра квалитет, потврди Лазаров.
Поразот со Норвешка треба да се заборави, а секоја репрезентација треба да рсате со силни мечеви.