Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, игра во одлична форма во финишот на оваа година.
Тој беше клучна фигура за триумфот на Нант на гости кај Монпелје и постигна погодоци во решавачките моменти.
Десниот бек заедно со голманот Емил Нилсен и дефанзивецот Драган Печмалбек се најде заслужено во идеалниот тим на 13 коло од францускиот шампионат.