Машката репрезентација на Македонија вечерва во Злин го игра првиот натпревар од бараж двомечот со Чешка за пласман на СП.
Селекторот Кире Лазаров се реши за овој натпревар на трибините да ги остави Михајло Младеновиќ и Игор Ѓорѓиев, а деби ќе има левото крило Петар Атанасијевиќ.
Чешкиот селектор Чави Сабате ќе смета на сиот расположив кадар за денешната пресметка. Тука се Бабак, Мрква, Кашпарек, Земан, Клима…
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра во „Датарт“ салата во Злин со почеток во 20:15 часот, а судии се Турците Оздениз и Ердоган.