Тимот на Нант, каде што настапува македонскиот репрезентативец Кире Лазаров, имаше победнички старт во групната фаза од ЕХФ Купот. Французите на домашен терен беа подобри од Адемар Леон со 34-28.
Во првиот дел Нант имаше и четири голови предност, но шпанскиот тим до паузата успеа да ја намали негативата на само еден погодок, 17-16.
Во второто полувреме предводени од Лазаров, Нант по петнаесетина минути обезбеди плус седум, 29-22, и потоа до крајот беше полесно.
Разликата беше рутински одржана и Нант славеше со 34-28. Лазаров даде шест погодоци, додека најдобар стрелец беше Ривера со девет.