Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија Кирил ЛАзаров упари пофални зборови за своите играчи по убедливата победа над Луксембург 38-24 во првото квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 година. Лазаров потврди дека ги разбира за падот во играта бидејќи е тешко да се биде мотивиран кога на полувреме имаш висока разлика.
Но, таквите грешки може скапо да чинат кога се игра против поискусни репрезентации.
„Честитки за моите играчи за максимално професионален однос од нивна страна. Тешко е како тренер да ја држиш мотиварна екипата после 11 гола на полувреме. Но, од друга страна знам како е бидејќи бев играч и паѓа мотивацијата. Во второ тполувреме попуштивме со ритам. Се обидув да им укажам да го искористите тоа второ полувреме за тренинг.
Успеав да им дадам шанса на сите играчи. Овие помлади што одиграа многу им значи тоа. Знаеме дека ракомеот е број 1 и публиката може да те слави, но и да биде поинаку. Имаме една постава поискусни и една постава неискусни, вели Лазаров
Сега следува меч со Турција кој може да биде незгоден, но секако многу важен за натамошниот тек на квалификациите.
„Имаме три дена. Турција ежежок терен. Некои имаат играно таму веќе од ова арепрезентација. Важен и можеби клучен натпревар. Ни треба пофокусирана игра . Имам професионалци, чест ми е што водам ваква професионлна екипа. Ни фалат натпревари. Играме сега без неколку играчи, без Стоилов, Миркуловски, без мене и не е лесно. Се надевам дека ќе напредуваме побрзо од очекуваното, вели Лазаров.
Македонија со „новите момчиња“ доминантно и триумфално го почна патот на ЕП 2024