Ракометарите кои од ова лето ќе станат соиграчи во тимот на Кил, Никола Билик и Сандер Сагосен го имаат главниот збор на Европското првенство кога се во прашање погодоците.
Билик и Сагосен постигнаа најмногу голови во првите три кола, а иако денеска остануваат уште две средби за доигрување јасно е дека нема да бидат достигнати од некој од ракометарите кои денеска имаат натпревари.
Билик има 28 гола, Сагосен 27, колку што има и Енди Шмид, но Швајцарецот заврши со настапите на шампионатот исто како и Кирил Лазаров и Кеј Смит кои имаат по 22 гола.
Тоа е првата петка на листата на стрелците, но јасно е дека ќе се менува бидејќи добар дел од играчите завршија со настапите.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)
28 – Никола Билик (Австрија)
27 – Сандер Сагосен (Норвешка)
27 – Енди Шмид (Швајцарија)
22 – Кирил Лазаров (Македонија)
22 – Кеј Смит (Холандија)
21 – Даинис Кристопанс (Летонија)
19 – Јанко Божовиќ (Австрија)
19 – Арцем Каралек (Белорусија)
18 – Никола Прце (БиХ)
18 – Роберт Вебер (Австрија)