Лазаров брка четвртфинале во Берлин

Денес на распоред во европските натпреварувања се натпреварите од Лигата на Европа во кои покрај средбата на македонскиот претставник Еурофарм Пелистер со Нексе во Битола се играат уште неколку интересни двојки.

Кирил Лазаров со својот Нант има минимална предност од првиот натпревар против Фуксе Берлин. На домашен терен во Франција Нант против германскиот претставник славеше висока победа од 25:24 и денес ќе се обидат да го заверат пласманот во четвртфиналето.

ЛИГА НА ЕВРОПА – РЕВАНШ ОСМИНАФИНАЛЕ

БЕНФИКА – ТУЛУЗ (34:38)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НЕКСЕ (26:29)

ФУКСЕ БЕРЛИН – НАНТ (24:25)

ГОГ – БИДАСОА ИРУН (30:28)

САВЕХОФ – КАДЕТЕН (26:32)

ВИСЛА ПЛОЦК – ЛЕМГО (31:28)

САВЕХОФ – ШАФХАУЗЕН (24:35)

МАГДЕБУРГ – СПОРТИНГ (29:29)

Натпреварите Ним – Горење и Магдебург – Спортинг се играат во терминот од 20:45 часот, додека останатите средби започнуваат во 18:45 часот.