Капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров имаше ефикасна вечер на гостувањето кај тимот на Ним во победата од 34:26. Со девет гола беше прв стрелец н тимот на Нант, а сите ги постигна од линијата од седум метри.
Прв изведувач на ударите беше Валеро Ривера, но откако тој го промаши вториот седмерец, Лазаров го презеде изведувањето на ударите и биеше без грешка до крајот на средбата. Постигна девет гола од пенал, а имаше две промашувања од игра.
Сепак, со девет гола беше најефикасниот играч на Нант во победата против Ним, тим кој е во истата група со Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа.
Инаку, Нант беше во постојана предност на овој дуел така што немаше проблеми за да обезбеди нова победа со која само го зацврсти 2. место и остана зад ПСЖ на табелата.