Лазаревски: Татран е квалитетен, но се ќе зависи од Вардар!

Убедливата победа на српскиот шампион Војводина над  хрватскиот претставник Нексе од 31-25 најави возбудлива сезона, а дуелите од СЕХА лигата продолжуваат денеска кога на терен ќе излезе и македонскиот шампион Вардар.

„Црвено-црните“ му гостуваат на словачкиот претставник Татран Прешов, а натпреварот во Татран Арена почнува во 16:00 часот.

Пикерот на Вардар, Милан Лазаревски смета дека и покрај тоа што противникот има квалитетен тим, сепак се ќе зависи од Вардар.

Го знаеме добро Татран бидејќи имавме прилика да играме со нив на Струшкиот турнир.Во меѓувреме успеавме да донесеме некои доста квалитетни ракометари. Словачкиот тим има ростер полн со квалитетни ракометари но мислам дека утре се ќе зависи од нас. Мораме максимално да влеземе во утрешниот натпревар како во нападот така и во одбраната-изјави Лазаревски.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски смета дека играта на Татран не е премногу променета со новиот тренер, а најважно е Вардар да биде добро подготвен за вториот дел од сезоната.

Гледавме некои натпревари од Татран и сметам дека нивниот стил на игра не е премногу променет и по доаѓањето на новиот тренер. Сеуште се подготвуваме за вториот дел од сезоната кој ќе биде многу долг и тежок. На овој натпревар ќе бидеме без услугите на Стефан Атанасовски, Андреј Добрковиќ и Борко Ристовски. Нашите цели за оваа сезона остануваат ист, изјави Недановски.