Лазаревски: Не бараме оправдувања, ама кратката клупа ни беше проблем

Вардар загуби со 32-30 од тимот на Нексе во четвртфиналниот натпревар од регионалната СЕХА лига.

Кружниот напаѓач Милан Лазаревски смета дека кратката клупа е клучот што Вардар не успеа да победи во регуларниот дел.

„Жал ми е што нема да одиме во Задар бидејќи исклучително добро се подготвивме, добро бевме поставени на тактички план од страна на тренерот. Најмногу ќе жалиме бидејќи примавме лесни голови, од грешките кои ги правевме. Се случи се како што очекувавме, но планот и подготовките требаше да се преслика и на теренот. Загубивме концентрација, тоа би го препишал на кратката клупа, ама не бараме оправдувања. Ни се ближи Суперкупот кој е многу важен натпревар за нас“, изјави Лазаревски.

За Вардар следува првиот меч од Суперлигата, пред Суперкуп натпреварот против Еурофарм Пелистер на 11 септември.