Актуелниот шампион на Македонија, Вардар не му дозволи на гостинот од Струга во ниту еден момент да помисли дека може да биде во позиција да се бори за бодови, и „црвено-црните“ со триумф 36-23 (20-11) ја продолжија победничката серија во домашното првенство.
Пивотменот Милан Лазаревски ги одигра сите 60 минути и во отсуство на Стоилов и Атанасовски, максимално ја искористи шансата што му се укажа. Заедно со Давид Савревски беа најдобрите стрелци кај „црвено-црните“. Лазаревски мечот го заврши со 6 гола, а Савревски постигна 7 гола.
Вардарци остануваат лидери во Група А со максимални седум победи, како единствен тим во досегашниот дел од сезоната што нема загубено ниту еден бод.
Девет голови беше највисоката предност што Вардар ја имаше во првиот дел од натпревари, а повеќепати таа предност беше 6-7 голови. Највисоката предност што Вардар ја имаше на мечот беше 29-16 и 36-23.
Тргнаа силно домаќините од самиот почеток, ги искористија првите минути во кои погодија тоа што им се укажа како шанса, а Струга грешеше. По шест минути играње Вардар водеше со 4-1, а во периодот од 8 до 14 миниута гостите не постигна аниту еден гол, а Вардар имаше добра серија со која веќе отиде на „плус 6“ и за водство од 10-4. Давид Савревски потоа зголеми на 11-7 како најава дека „црвено-црните“ нема да имаат тешка задача во освојување на бодовите.
На средбата вардарци беа без капитенот Стојанче Стоилов и Стефан Атанасовски, и повредените Анте Гаџа и Дарко Ѓукиќ.
Гостите во 24 минута првпат по подолго време намалија на „минус 4“ (15-11) користејќи го малиот пад во играта на Вардар. Но, веќе во следните две минути предноста повторно се искачи на „плус 6“ (17-11). Јан Чувара повторно дојде до максималното водсто од седум голови. Откако Струга не реализираше нов напад, Чувара а потоа и Куни Моралес пак погодија и Вардар со предност од 20-11 го заврши првиот дел од средбата.
Само што почна второто полувреме Вардар веќе направи предност од „плус 12“ (23-11) и таа „дванаесетка“ ја одржуваше до 42 минута кога Ален Ќосевски првпат погоди за 29-16 како највисоко водство дотогаш на средбата. Високата предност што Вардар ја направи им даде можност на младиот Стојановски да игра на лево крило, Добрковиќ на плејмејкер, Савревски на десен бек па и Ќосевски одигра цел натпревар на десно крило. Во отсуство на Стоилов и Атанасовски, целиот товар на пикерската позиција го понесе Милан Лазаревски.
Гостите од Струга за момент намалја на 29-20 во 46 минута, но тоа беше само за момент намалување под десет гола. Потоа само рутински ја завршија „домашната задача“
Најпрецизни во тимот на Вардар беа Савревски со 7 гола, шест постигна Милан Лазаревски, а пет постигна Андреј Добрковиќ.
Кај гостите од Струга најмногу голови постигнаа Петар Бугариновиќ и Никола Цветановски по 6 гола.