Вардар славеше против Војводина и на вториот натпревар од четвтфиналето на регионалната СЕХА лига со 32-26 и обезбеди место на Ф4.
Пивотот Милан Лазаревски смета дека овој натпревар ќе послужи за подигнување на формата во финишот на сезоната во Суперлигата.
„Можеби потешко од очекувањата го добивме овој меч, со оглед како беше во Скопје. Без разлика на составот на противничката екипа, ние не ги потценивме, имавме почит кон нив и го заслужија нашиот максимален ангажман. Ова беше важен натпревар за подигнување на формата и на подобро воигрување пред клучниот дел на првенството“, изјави Лазаревски.
Вардар веќе утре игра со Охрид на домашеен терен, а в сабота му гостува на тимот на Бутел Скопје.