Тимот на Тримо Требње, забележа нов триумф во словенечкиот шампионат, откако славеше над Јерусалем Ормож.
Тримо победи со 37-28, иако по првото полувреме имаше само предност само од еден погодок, 16-15, но во вториот дел работите си дојдоа на свое место.
Милан Лазаревски беше стрелец на два гола од два обиди, додека Тоше Ончев не беше во составот на Тримо за овој натпревар.
Тримо Требње сега има 41 бод што е доволно за второто место на табелата, односно заостанува четири бода зад Целје.