Ростов Дон ја потврди разделбата со шведската репрезентативка Ана Лагерквист која од лето ќе биде ракометарка на француски Нант.
Со Нант, Лагерквист потпиша договор на две години.
„Времето поминато во Ростов Дон и овој град беше прекрасно. Со задволство ќе се сеќавам и на моментите на теренот и надвор од него. Тажно е што морам да се збогувам со Ростов Дон толку брзо. Меѓутоа и благодарна сум на клубот за разбирањето во оваа ситуација. Никогаш нема да ги заборавам и фановите кои секогаш не поддржуваа, беше задоволство да се игра со девојките тука. Му посакувам се најдобро на Ростов“, изјави Лагерквист по заминувањето.
Ќе потсетиме, Грас Заади исто така претходно го напушти Ростов и остатокот од сезоната ќе го помине во Мец.