Младиот репрезентативец на Франција, Ромен Лагард се враќа во својата родна земја. Средниот бек во новата сезона ќе настапува во екипата на Екс ан Прованс.
Француската екипа и официјално го потврди неговиот трансфер преку социјалните мрежи на клубот. Лагард не сакаше да продолжи во Рајн Некар и го раскина договорот од лични причини. Тој требаше да остане во германската екипа до 2023 година.
Лагард последните две сезони настапуваше во екипата од Манхајм и минутажата на терен ја делеше со неговиот поисксуен колега, Енди Шмид. Пред да се пресели во Германија, Лагард пет сезони го носеше дресот на Нант.
За репрезентацијата на Франција настапува од 2017 година и според официјалната статистика на ЕХФ има одиграно 39 официјални натпревари во репрезентативниот дрес и постигнато 52 гола. Поради малата клупска минутажа го загуби местото во националниот тим.