„Лавиците“ ја скокнаа првата пречка, во поход на трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Чаир vs Ѓорче Петров, Куп на Македонија 2022

Ракометарките на Ѓорче Петров се вторите финалистки во Купот на Македонија, откако во вториот полуфинален двобој ја совладаа екипата на Чаир со 28-32. Ѓорче Петров во утрешното финале ќе се бори против Металург за 17 трофеј во Купот на Македонија, со оглед на тоа дека ги наследите и титулите од времето кога овој клуб се викаше Кометал ЃП. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симона Стојановска со седум и Милица Николиќ со шест голови, а кај Чаир се истакна Теодора Дукоска со десет погодоци. Ривал на Ѓорче Петров во утрешното финале ќе биде Металург, а натпреварот стартува од 17:00 часот.