Повремената репрезентативка на Норвешка, Аманда Куровиќ, која во последните три сезони смени повеќе клубови, ќе паузира одреден временски период поради бременост.
Норвежанката заедно со нејзиниот партнер Бреде Чишар со нетрпение ја очекуваат првата принова и проширувањето на семејството.
32-годишната ракометарка радосната вест ја сподели преку социјалната мрежа Инстаграм.
Куртовиќ во минатата сезона се врати во својата татковина и потпиша договор со поранешниот европски гигант Ларвик.
Десниот бек во својата кариера настапуваше и за Бјасен, Виборг, ЧСМ Букурешт, Ѓер, Кастамону и Дунареа Браила.