Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа ждрепката за Ф4 турнирот во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Кај дамите, актуелниот бранител на Куп трофејот Металург за ривал во полуфиналето го доби Куманово.
Ѓорче Петров, кој е старо-нов шампион во домашниот шампионат, во полуфиналето ќе игра со Вардар.
Завршницата ќе се одржи во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 11 до 13 мај, а комплетниот распоред на натпреварите ќе биде дополнително познат.
Куп на Македонија, жени, Ф4:
Вардар – Ѓорче Петров
Металург – Куманово
Полуфиналните дуели кај мажите се играат на 11 мај, кај дамите на 12 мај. Двете финалните се закажани за 13 мај.
Куп на Македонија: Вардар налета на Алкалоид, Еурофарм Пелистер го доби Пролет