Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија во двете конкуренции.
Кај жените најинтересно ќе биде во групата 1, каде што уште на првата средба ќе се сретнат Ѓорче Петров и Чаир, а победникот против Скопје или Спартак ќе се бори за Ф4.
Бранителот на трофејот од минатата сезона, Металург, стартува со Овче Поле Славјански Универзитет, а тимот на Куманово ќе има само една пречка до завршниот турнир.
Натпреварите од оваа фаза од Купот на Македонија ќе се одиграат на 18/19 март, по што ќе бидат познати сите учесници на завршниот турнир на 14/15 мај.
Куп на Македонија, жени, групи:
група 1
Чаир – Ѓорче Петров
Скопје – Спартак
група 2
Вардар – Шампион
Деспина – Кузман Вардар
група 3
Стружанка – Астибо
Овче Поле СУ – Металург
група 4
Пелистер – Гевгелија
Куманово слоб.