Претстојните три дена ќе се одиграат натпреварите по групи од четвртфиналето на Купот на Македонија.
Натпреварите ќе се играат петок, сабота и недела, а последниот патник на Ф4 од групата 4 ќе биде познат по репрезентативната пауза.
Во групата 1 без Металург, Тиквеш доби директно место во финалето, па ќе го очекува победникот од двобојот Јуниор КВ и Вардар.
Во групата 2 домаќин е тимот на Бутел кој ќе игра против Скопје. Во вториот натпревар од оваа група силите ќе ги одмерат екипите на Струга и Аеродром.
Домаќин на третата група е битолски Еурофарм Пелистер, кој ќе се соочи со амбициозниот прволигаш Алкалоид. Втората средба ќе донесе пресметка на Драчево и Охрид.
Групата Г се игра без домаќин, односно онака како што се извлечени паровите. Тука Пролет го пречекува Еурофарм Пелистер 2, додека Голден Арт гостува кај Прилеп. Дополнително ќе биде одлучено кога ќе се игра финалето од оваа група.
Четирите победници на групите ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 14/15 мај 2022 година.
Група 1
ТИКВЕШ слободен
11/3, 19:00 часот, ЈУНИОР КВ – ВАРДАР (Круме Кепески)
12/3, 12:00 часот, ЈУНИОР КВ/ВАРДАР – ТИКВЕШ (Јане Сандански)
Група 2
10/3, 17:30 часот, БУТЕЛ – СКОПЈЕ (Антон Димитров)
11/3, 12:00 часот, СТРУГА – АЕРОДРОМ (Антон Димитров)
11/3, 18:00 часот, БУТЕЛ/СКОПЈЕ – СТРУГА/АЕРОДРОМ (Антон Димитров)
Група 3
12/3, 13:00 часот, ДРАЧЕВО – ОХРИД (Боро Чурлевски)
12/3, 11:00 часот, АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)
12/3, 19:30 часот, ДРАЧЕВО/ОХРИД – AЛКАЛОИД/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)
Група 4
12/3, 18:30 часот, ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонско Сонце)
12/3, 18:00 часот, ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ (Р.Р.Ричко)
??? ПРОЛЕТ/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП/ГОЛДЕН АРТ