КУП НА МАКЕДОНИЈА: Почнуваат елиминациите, 30 тима се борат за следна фаза

Денеска започнуваат натпреварите во Купот на Македонија за оваа сезона. Носителот на трофејот, Вардар, ќе ја прескокне оваа фаза и има директно место во групите.

30 тима денеска, утре и задутре, ќе бијат битки за следна фаза, а најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Алкалоид и Радовиш в недела.

Неизвесност би требало да има и на прволигашките двобои меѓу Работнички и Драчево, меѓу Аеродром и Младост, односно Јуниор КВ и Куманово.

Во следната фаза ќе има најмалку три прволигашки екипи, а од суперлигашите најтешка задача ќе има Радовиш, кој гостува кај Алкалоид. Сите други екипи од елитата се големи фаворити против прволигашите.

Куп на Македонија, распоред:

12/11, 19:00, Охрид – Преспа
12/11, 19:30, Металург – Јехона
13/11, 12:30, Голден Арт – Партизан Гевгелија
13/11, 13:00, Пролет – Кичево
13/11, 13:00, Јуниор КВ – Куманово
13/11, 14:00, Скопје – Текстилец
13/11, 14:30, Работнички – Драчево
13/11, 15:00, Македонија Ѓорче Петров – Струга
13/11, 16:00, Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА
13/11, 16:00, Астраион – Прилеп
13/11, 17:00, Борец – Тиквеш
13/11, 17:30, Бутел Скопје – Вардар Неготино
13/11, 19:00, Шампион – Еурофарм Пелистер
14/11, 12:00, Аеродром – Младост Богданци
14/11, 13:00, Алкалоид – Радовиш