Тимот на Металург ќе ја брани титулата во Купот на Македонија оваа сезона, откако лани славеше над Вардар и ја прекина „црвено-црната“ доминација во ова натпреварување.
По одигрувањето на осминафиналните групи, комплетиран е списокот на 16 учесници во четвртфиналните групи.
Сехалигашите Вардар и Еурофарм Пелистер имаат место во првиот шешир, а тука се Металург и Охрид, кои се најдоа на првото и второто место во Суперлигата по девет одиграни кола оваа сезона.
Вториот и третиот шешир се формирани според пласманот на табелата на екипите по девет кола, а во последниот шешир се прволигашите кои изминатиот викенд ја скокнаа првата пречка.
РФМ наскоро ќе го соопшти датумот за ждрепката, а натпреварите ќе бидат одиграни од 10 до 12 април.
Куп на Македонија, четвртфинале:
шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид
шешир 2: Бутел Скопје, Пролет, Радовиш, Вардар Јуниор
шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Струга, Работнички
шешир 4: Тиквеш, Вардар Неготино, КЛ7, Прилеп