Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за завршните турнири во Купот на Македонија.
Во машка конкуренција Вардар ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2, додека Бутел Скопје ќе игра со Еурофарм Пелистер.
Во женска конкуренција, Ѓорче Петров ќе се сретне со Чаир, додека Металург ќе игра против Куманово.
Завршните турнири ќе се одржат во салата „Јасмин“ во Кавадарци од 13 до 15 мај, а комплетниот распоред на натпреварите ќе биде дополнително познат.
Бранители на трофеите се Вардар кај мажите и Куманово кај жените.
Куп на Македонија, мажи, Ф4:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Куп на Македонија, жени, Ф4:
Ѓорче Петров – Чаир
Металург – Куманово