Куп на ЕХФ: Бенфика фаворит за нова победа

Лидерот во Групата А од Купот на ЕХФ, Бенфика денеска е пред шанса за нова победа. Откако Мелзунген претрпе пораз во средата, сега е време за зголемување на разликата и зацврстување на првото место.

Ривалот на Бенфика од Полска денеска тешко ќе може да им парира на ракометарите од Лисабон, а доколку на голот биде и Ристовски, кој ги пропушти првите две средби поради проблем со повреда ќе биде уште полесно за Бенфика.

Другите двајца македонски репрезентативци кои играат во Купот на ЕХФ својот натпревар го имаат утре. Кирил Лазаров со Нант утре го пречекуваат Магдебург на Филип Кузмановски во дербито од Групата Ц.

КУП НА ЕХФ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА А

БЈЕРИНГБРО – МЕЛЗУНГЕН      35:31

Хансен 9, Маркусен 6, Нодесбо 5 – Кун 9, Хефнер 5, Мариќ 4

САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ

17:00ч

БЕНФИКА – ГВАРДИЈА ОПОЛЕ

ТАБЕЛА: 1. Бенфика 4 бода (62:50); 2. Бјерингбро 4 (91:93); 3. Мелзунген 2 (83:85); 4. Гвардија Ополе 0 (50:58).

ГРУПА Б

САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ

15:00ч

ХОЛСТЕБРО – НИМ

НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ

12:00ч

КУЕНКА – РАЈН НЕКАР

ТАБЕЛА: 1. Рајн Некар 4 бода (67:58); 2. Куенка 3 (58:56); 3. Ним 1 (60:61); 4. Холстебро 0 (54:64).

ГРУПА Ц

САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ

19:30ч

АДЕМАР ЛЕОН – ГОРЕЊЕ

НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ

17:00ч

НАНТ – МАГДЕБУРГ

ТАБЕЛА: 1. Нант 4 бода (69:56); 2. Магдебург 4 (63:53); 3. Адемар Леон 0 (55:65); 4. Горење 0 (54:67).

ГРУПА Д

САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ

17:00ч

ТАТАБАЊА – ЕКС АН ПРОВАНС

19:00ч

ЛОГРОЊО ЛА РИОХА – ФУКСЕ БЕРЛИН

ТАБЕЛА: 1. Фуксе Берлин 3 бода (52:50); 2. Татабања 3 (53:52); 3. Логроњо Ла Риоха 1 (54:55); 4. Екс ан Прованс 1 (52:54).