Купот ќе добие нов владател, вардарци во битка за трофејот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург – Вардар (Куп на Македонија)

Екипата на Вардар го совлада Металург со 27:22 во полуфиналето од Купот на Македонија.

Екипата на Металург нема да има можност да ја брани титулата во Купот на Македонија освоена пред две години откако денеска во првото полуфинале загуби од Вардар со 22:27. Шампионот на Македонија успеа да го добие дуелот во салата во „Автокоманда“ откако имаше подобра игра во поголемиот дел од средбата и контрола на резултатот. Иако и металурзите имаа свои моменти, сепак, вардарци беа тие кои во второто полувреме постојано беа во предност. Во финалето, Вардар ќе игра против победникот од дуелот Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер.