Полскиот првак Келце ќе ја истера оваа сезона со актуелниот состав, без разлика на проблемите со кои се соочува.
На состанокот меѓу претседателот Бертус Сервас и играчите одлучено е дека Келце ќе продолжи да функционира во ваков вид најмалку до јуни.
До крајот на март ќе биде познато како ќе изгледа полскиот првак во следната сезона и со колку финансии ќе располага.
Оптимизмот дека ќе се најде главен спонзор не преовладува, па иако најцрното сценарио е исклучено, Келце од следната сезона ќе биде во изменет состав и со намалени амбиции.
Општината Келце веќе го одби клубот за помош, но Сервас не се откажува од борбата за нов генерален спонзор.
Играчите на полскиот тим веќе се пикирани од најсилните клубови. ПИК Сегед има понуда за триото Душебаеви, Веспрем го бара Вулф, Барса ги има на мета Каралек и Морито, а ПСЖ го пикира Ремили…