Кумановци сигурни, си обезбедија лесни три бода

Ракометарите на Куманово дојдоа до победа после поразот во првото коло и покажаа дека сезонава ќе можат да се борат за место во плеј-офот. Победата од 28:19 е доказ за сработеното на овој дуел.

Инаку, неизвесни беа само првите неколку минути до 4:4, а потоа со 6:0 за Куманово беше и одлучено првото полувреме, а со тоа и комплетниот натпревар бидејќи предноста без проблеми се одржуваше и на моменти се зголемуваше.

Кумановци стигнаа до девет гола разлика до крајот на првиот дел и имаа 16:7 на паузата.

Овие девет гола беа и повеќе од доволни за да може да се издржи до крајот на средбата односно да се дојде до триумф и до бодови. Тимот на Текстилец не можеше да следи, па остана далеку од трка за победа на овој дуел така што вторпат останува без бодови.

 

ТЕКСТИЛЕЦ – КУМАНОВО           19:28 (7:16)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат:Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Миланов, М. Петров 3, Јовановски 1, Трајчев 1, Јованов 1, В. Петров 3, Ристов 1, Лазаров, Митрев 1, Трајков 8.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 12 мин.

КУМАНОВО: Кимевски, Димитријевски, Даневски 1, Димковски, Димитров, Цветковски 5, Денковски 5, М. Спасиќ 1, Петрушевски 2, Поповски 1, Стошиќ, Стојмановски, Миладиновски 5, Тасевски 7, Д. Спасиќ, Трајчевски 1.

Седмерци: -, Исклучувања: 16 мин.