Откако РФМ ги објави најновите измени во фоматот на Супер лигата за следната сезона се отвори можност за некои клубови кои не беа досега кандидати за пласман во најдоброто друштво, сепак да се надеваат дека следата сезона ќе играат со најдобрите.
Еден од тие клубови е Куманово кој се наоѓа на 6. позиција на плеј-оф табелата зад Аеродром кој има само еден бод повеќе и на три кола до крај на првенството е на позиција која носи пласман во Супер лигата.
Оваа можност ги предизвика љубителите на ракометот во Куманово повторно да се активираат и да ги повикаат Кумановци да дојдат во сала и да им дадат поддршка на ракометарите. Ваков пост за повик сите да дојдат во сала на својот профил на Фјесбук објави еден од членовите на навивачката група „Кумани“.
Ова е уште еден обид уште повеќе да се популаризира машкиот ракомет во градот од каде што е шампионот на Македонија во женска конкуренција и освојувач на Купот на Македонија.