Кумановци изброија до 42, го задржаа плеј-оф курсот во Првата лига

Екипата на Куманово дојде до важна победа на домашен терен против Кичево со 42:24 и остана на добра позиција за пласман во плеј-офот во Првата машка лига. Новата победа ги остави кумановци на 5. место, сега со 20 бодови така што засега сè оди според посакуваното.

Куманово беше подобриот противник од стартот. После водството на гостите од 1:0 со четири гола домашните го презедоа диктирањето на резултатот и во ниту еден момент повеќе не дозволија гостите да се доближат.

Постојаното зголемување на предноста доведе до плус седум гола на полувреме кога резултатот беше 20:13.

Овие седум гола беа сосема доволни во продолжение да биде уште помирно, но и уште повеќе да биде зголеено водството до 42:24 со што беа освоени нови важни бодови.

Гостите од Кичево беа допатувани со 11 ракометари, но и тешко му парираа на фаворитот на овој дуел.

КУМАНОВО – КИЧЕВО  42:24 (20:13)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје

КУМАНОВО: Кимевски, Трајковски, Димитријевски, Б. Цветковски 4, Кузмановски 1, Д. Цветковски 2, Бошковски 3, Тасевски 2, Миладиновски 6, Димитров 1, Петковски 7, М. Димовски 3, Д. Димовски 1, Костовски 4, Даневски 3, Трајчевски 5

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.

КИЧЕВО: Костадиновски, Стојкоски, Стојчески, Тошев, Крстески 5, Смилески 5, Тасески 4, Јаковлески 4, Наумовски 4, Мирчески 2, Јакимоски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.