Куманово ќе се тестира со водечкиот тим од Србија

Ракометарките на Куманово порано од останатите екипи ги започнаа настапите после паузата за новогодишните и божиќните празници. Минатиот викенд Куманово настапи во ВРХЛ на третиот турнир на кој беше домаќин Зајечар.

Кумановки остварија убедлива победа над домаќинот и миминален пораз од босанскиот состав Груде. Подготовките на избраничките на Симе Симовски за вториот дел од сезоната продолжуваат во Куманово, а во подготвителниот период вицепрвакот ќе одигра и два пријателски натпревари против водечката екипа од Србија.

Двата дуели се играат во салата во СОУ Перо Наков во Куманово каде што и актуелниот освојувач на Купот на Македонија ги игра своите мечеви во домашното првенство. Првиот се игра во петок со почеток од 19:30 часот, а вториот дуел ќе биде во сабота со почеток во 13:30 часот.

Куманово е есенски шампион во Женската лига на Македонија и најголем фаворит во продолжението да ја освои шампионската титула. Овој двобој со српскиот претставник ќе биде последна проверка на формата пред почетокот на пролетниот дел од сезоната и предизвикот да се освои титулата шампион во првенстото и Купот на Македонија.