Куманово ја задржа Црногорката – Сузана Зечевиќ потпиша нов договор

Македонскиот вицепрвак Куманово полека го формира играчкиот ростер за новата сезона во која го очекуваат предизвици и на домашна и на меѓународна сцена.

Левиот бек Сузана Зечевиќ потпиша нов договор и ќе му биде на располагање на тренерот Славиша Димитријески и следната сезона.

Претходно договорот го продолжи и Габриела Величковска, еден од најдобрите стрелци на кумановскиот тим.

Од клубот заминаа Бразилката Андреза Алмеида, потоа десното крило Тамара Ивановска и левото крило Пена Граматова.

Досега беа промовирани три засилувања – Адела Еленин, Нена Нестороска и Јана Ѓошевска.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!