Ракометарките на Куманово се на добар пат да ја одбраната титулата во Купот на Македонија, освоена во 2019 година, откако водат на полувремето против Вардар со 12-9.
Вардарки отворија одлично и поведоа со 1-3 со трите погодоци од пенал на Трпевска. Беше и 3-5, но кумановки заиграа поангажирано и направија пресврт, 7-5. Иако играа вторпат во мечот без исклучената Боризовска, избраничките на Ненад Краљевски стигнаа и до највисоки плус три, 9-6, па Драгана Ристова мораше да бара тајм-аут.
Не се промени ништо во продолжение, предводени од Џамкиќ, кумановски играа остро во одбраната и по дваесетина минути игра веќе го ставија мечот под своја контрола со водство за 10-6.
Серијата на Куманово беше прекината од Џатевска, 10-7, а потоа уште еднаш македонската репрезентативка даде гол за 10-8. Голманката Митровиќ одбрани два пати во серија и Куманово се одлепи пак на плус четири, 12-8.
Сепак на пауза се замина со 12-9, иако Боризовска можеше од пенал да донесе нова највисока предност, но не погоди. Најдобри стрелци во Куманово се Јануловска со три гола, како и Трајковиќ и Чокели со по два, додека кај Вардар, Трпевска има три гола, а Диневска, Џатевска и Стојановска по два.