Ракометарките на Куманово со триумф ја завршија мини турнејата во Србија, каде што одиграа три пријателски натпревари.
На последниот одигран натпревар, избраничките на Драгана Ристова славеа против Раднички Крагујевац со 30-29, откако на полувреме беше 15-15.
Претходно Куманово загуби од Минаква Војводина, а го победи убедливо составот на Црвена Ѕвезда.
Претстојниот викенд Куманово ќе одигра пријателски натпревар и против грчка Панорама, што ќе биде последен тест пред стартот на Женската лига.