Куманово со триумф против Вардар

Ракометарките на Куманово го одиграа првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Женската лига.

Еден од фаворитите за титулата славеше на гостувањето во Скопје кај составот на Вардар со 21-25.

Избраничките на Ненад Краљевски имаа предност и на полувремето од четири погодоци, 11-15, а во вториот дел само ја задржаа, иако и вардарки имаа свои моменти.

За Вардар ова беше втор пријателски натпревар, а на првиот победија убедливо кај Спартак.