Македонската репрезентативка Габриела Величковска по четири сезони на интернационална сцена се враќа во Македонија.
Таа потпиша договор на две сезони со вицепрвакот Куманово и ќе ги засили левата и средната бековска позиција.
Величковска потекнува од Кожувчанка Штип, играше за Металург и Пелистер во Македонија, а последните четири сезони ги мина во француските Ле Пузен и Кот Баске.
Договорот го продолжи бразилската интернационалка Андреза Алмеида, а од клубот заминаа десниот бек Јована Кипријановска и пикерот Амела Џакмиќ.