На неколку часа пред Новата година, екипата на Куманово промовираше ново засилување кое во пролетниот дел од сезоната треба да им помогне во борбата за опстанок во македонската Супер лига.
Никола Бечејац е 26-годишен српски ракометар висок 190 цм кој потекнува од Нови Сад и има настапувано за Пролетер Зрењанин, Југовиќ Каќ, Рудар Костолац, Искра Бугојно и Босна Високо. Во својата кариера има и интернационално искуство како дел од Нортхајмер од Германија и Хапоел Кирјат Оно од Израел.
Српскиот интернационалец ќе настапува на позицијата десен бек во составот на МРК Куманово и тој е првото официјално засилување за пролетната полусезона. Во составот на Куманово активно работат на нови имиња во тимот кои треба да го одржат новиот суперлигаш во елитата наредната сезона.