Куманово остана без најдобриот стрелец

Екипата на Куманово, која успеа да го сочува суперлигашкиот статус, остана без српскиот интернационалец Вучко Мрвовиќ.

Младиот ракометар во македонската елита пристигна минатата сезона и веднаш прерасна во лидер на Куманово.

22-годишниот ракометар беше меѓу најдобрите пет стрелци во Супер лигата и уште по завршувањето на регуларниот дел стана мета на неколку клубови.

Од Куманово официјално си заминаа и Немања Ѓурашковиќ, Никола Бечејац и тренерот Игор Котевски.

Наскоро треба да биде дефиниран составот на Куманово, кој ќе треба да се вклучи на трансфер пазарот и да ги пополни испразнетите места.