Ракометарките на Куманово ја продолжуваат низата победи и остануваат на врвот на табелата. Во 8. коло од женската лига Куманово освои нови бодови на гостувањето кај Гевгелија каде што триумфираше лесно и убедливо со 36:17.
Гевгелија се држеше против фаворитот во поголемиот дел од првото полувреме до резултат 10:10. Потоа следуваше одличен период на Куманово до крајот на првиот дел во кој направи предност од седум гола. На полувреме гостинките имаа водство 19:12.
Веќе во продолжението составот на Гевгелија немаше сили да се врати во натпреварот. Нивната криза се продлабочи, немаа решение во нападите и постигнаа само пет гола во вториот дел за висок пораз. Куманово со квалитетна и рутинирана игра оствари нова победа во шампионатот.
Во екипата на Гевгелија единствената расположена ракометарка беше Јасмина Попова со осум постигнати гола. За Куманово, најефикасна беше Јована Кипријановска со осум гола. Во следното коло Кумново игра на домашен терен против Вардар, а Гевгелија гостува кај Стружанка.
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО 17:36 (12:19)
Сала: 26-ти април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Спаско Ќаев и Даниел Ристовски. Делегат: Васил Чавдаров.
ГЕВГЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова 2, Попова 8, Пецевска 1, Петрова, Митревска 2, Ибрахимович, Горковска, Попова, Митрова, Петковска 2, Тимчева, Танева, Митрова 2.
Седмерци: 5/5. Исклучувања: 4 мин.
КУМАНОВО: Косановиќ, Пецанова 1, Трајковиќ 4, Боризовска 1, Јовавановска, Шарановиќ 2, Чокели 3, Сојчевска, Јанкуловска 4, Кипријановска 8, Наумоска, Краљевска 1, Радевска 2, Гичевска 4, Глигоријадис 2, Марковиќ 4.
Седмерци: 1/2. Исклучувања: 8 мин.