Ракометарките на Куманово ја минаа првата пречка во Купот на Македонија, откако славеа на гости кај Астибо во Штип со 29-16.
По 4-3, следуваше серија од 11 голови на избраничките на Славиша Димитријески за 15-3 и беше јасно како ќе изгледа овој натпревар.
На паузата беше 18-5, а во вториот дел штипјанки беа подобри, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од помал пораз.
Најдобри стрелци кај Куманово беа Петреска со седум и Јовановска со шест гола, а исто толку постигна Анчева за Астибо.
Металург Автокоманда ќе има шанса да се бори за Ф4 во Купот на Македонија, откако дома славеше против Стружанка со 39-17.
Победникот беше решен по првиот дел кога домаќинките водеа со 23-7, а вториот дел беше само формалност.
Најдобри стрелци кај победникот беа Ѓошевска, Беровиќ и Маринчов со по шест гола, а Раткушиноска постигна седум за Стружанка.
Куп на Македонија, жени, групна фаза:
група А
Спартак – Шампион
Металург Автокоманда – Стружанка 39-17
Спартак – Металург Автокоманда
група Б
Астибо – Куманово 16-29
Чаир – Ѓорче Петров 2
Чаир – Куманово
група В
Скопје – Гевгелија 16-17
Ѓорче Петров – Деспина
Ѓорче Петров – Гевгелија
група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
Вардар – Пелистер